Македонија

УХМР: Следува период на нестабилно време

05.09.2024 12:24

Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Особено нестабилно ќе биде утре и во сабота, а во недела ќе има помали услови за нестабилност. Од понеделник до средината на следната седмица, повторно ќе има услови за појава на локално невреме, велат од УХМР.

Во Скопје од утре до средината на следната недела ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.