Велешкиот „паметен“ бојлер во САД

10.07.2014 18:05

Првиот смарт бојлер во светот, на велешки „Леов Компани“ преку големата бара стигна во Сан Франциско на Интернационалниот саем за соларни системи...

Користејки ја ИТ технологијата  МРТ дирекно на штандот каде иновативниот производ е вистинска атракција.

„Сите застануваат да го видат, прашуваат што е тоа смарт, откако ќе им објасниме како бојлерот функционира, луѓето се наполно изненеадени“, рече Златко Леов.

Меѓу шестотините излагачи на саемот, велешката компанија е единствена од балканот. Целта за освојување на нови пазари е остварена. Покрај во Америка, смарт бојлерот ќе се продава во Кина, Русија, Швајцарија, Канада, Израел и Јамајка.

„На нашите постоечки купувачи и на нашите идни партнери им покажуваме што имаме во гамата на  производи и што воведуваме иновативно како нови производи“, рече Леов.

Експертите се децидни, македонските компании да се охрабрат и што повеќе да ги има на вакви манифестации .

„За да промовираат и пратат порака до потенцијалните инвеститори дека Македонија поседува не само ефтина работна сила туку и креативен човечки потенцијал, со што ќе се зголемат шансите во иднина да се привлечат компании кои ќе произведуваат производи со додадена вредност во Република Македонија. Ова е насоката во која треба да се движи развојот во Македонија,“ вели Игор Андреев, доктор по економски науки.

За освојување на меѓународните пазари, Владата веќе неколку години субвенционира настапи на домашни компании на странски саемски манифетации. Целта е промоција на националната економија и напуштање на досегашната практика кога Македонија повеќе увезуваше отколку што извезуваше.

Дијана Иванова