Берлин побара првиот човек на ЦИА да ја напушти земјата
Првиот човек на ЦИА во Германија да ја напушти земјата, побара владата во Берлин, по двата регистрирани случаи на прислушување на канцеларката Меркел и на истрагата за оваа афера.
„Од претставникот на разузнавачките служби во американската амбасада е побарано да ја напушти Германија“ изјави портпаролот на владата, Штефан Сајберт.
Тој објасни дека барањето е резултат на истрагата на Сојузниот обвинител, како и поради дилемите кои се појавија со работата на американката разузнавачка агенција во Германија.

Во два одвоени случаи во изминативе 10 дена, едно лице е уапсено и почната е истрага против друго во германската разузнавачка агенција БНД под сомнение дека тие работеле за, како што јавуваат локалните медиуми, американски разузнавачи.