250 милиони евра за проекти во општините
250 милиони евра им се ставени на располагање на општините за реализација на инфраструктурни и капитални инвестиции. Објавен е јавниот повик. Власта ги охрабри градоначалниците да аплицираат, независно од нивната политичка провениенција...

Идеи за конкретни проекти во рок од седум дена да достават општините до Министерството за локална самоуправа ако сакаат да добијат дел од финансискиот колач. Објавен огласот за распределба на 250 милиони евра за локален развој.
Во рок од десет дена, пак, треба да се достави проектната документација до надлежните министерства, каде ќе се селектираат најдобрите проекти. Крајниот збор ќе го има Владата. Премиерот најавува транспарентен процес.
Ќе се финансираат инфраструктурни и капитални проекти од повеќе области: култура, спорт, животна средина, патишта, социјална политика и образование.
Распределбата на парите ќе ја следи посебно владино тело, а на јавниот повик може да се пријават сите општини и градот Скопје.
До Нова година треба да се распределат 6 од вкупно 15 милијарди денари.
Анита Димитријевска – Велковска
