Прилеп

Пожарот во Мариово не стивнува, одбрана на селата

05.09.2024 14:50

Пожарот во Мариово не стивнува, туку огнената линија е зголемена. Професионалците на теренот се фокусирани на отстранување на опасностите за селата и другите објекти …

Преку 150 професионалци од цела Македонија се фокусирани на одбрана на населените места и на објектите од пламените јазици на големиот пожар во Мариово кој зафаќа преку 10.000 хектари, главно со нискостеблести растенија и со околу 30 километри огнена линија. Ветрот е голем проблем кој го менува правецот на огнот, а веќе е стигнат до пониските делови. Се бранат селата Пештани, Крушевица, боровата шума кај Штавица.

Околу 90 професионалци се упатени за одбрана на манастирот во Прилепец.

Воздушната поддршка за гаснење зависи од ветрот и густиот чад. Чадот се чувствува во Прилеп, а од кризниот штаб велат дека параметрите на амбиенталниот воздух се во нормалата.

 

Елизабета Митреска