ДПИ

Инспекциски контроли за маржите на училишниот прибор

05.09.2024 14:58

Пазарните инспектори на терен. Трговците под лупа. Оние не ги намалиле маржите за училишниот прибор, ќе заработат казни и до 10 илјади евра...

Инспекторите ги чешлаат книжарниците, дали ги намалиле цените на училишниот прибор, откако владата ја промовираше мерката за намалување на маржите. 120 инспектори се на терен и се контролира низ целата држава. Пазарниот инспекторат им дава време на трговците да се прилагодат на новините, но директорот Трајковски, вели дека нема да има милост кон оние што ќе го прекршат законот.

Глобите се од 800 до 10.000 евра.

Доколку има злоупотреби ќе се засилат контролите најави министерот за економија кој не кажа дали ќе бидат обележани продуктите кои се со пониски цени, нешто што беше пракса кога надлежното министерство ги замрзна цените на прехранбените производи и на нив имаше налепница гарантирани цени.

Со новата мерка на владата опфатени се над 26 производи, тетратки, ранци, моливи, фломастери. Владата пред два дена ја промовираше мерката помалку трошоци, повеќе за тебе, со која на големо се намалуваат маржите за 5%, а на мало за 10 проценти.

 

 

Викторија Милевска