Македонија

Пожарот кај Катланово попладнево повторно се разгоре

05.09.2024 15:07

Дејствуваат противпожарни екипи, вработени во Национални шуми и Центарот за управување со кризи, но теренот во близина на автопатот Велес-Скопје е непристапен, па најавена е повторна интервенција на воздухопловите.

Пожарот кај Катланово кој полициските хеликоптери утрово го ставија под контрола со логистичка поддршка од копно, од попладнево повторно се разгоре.

Дејствуваат противпожарни екипи, вработени во Национални шуми и Центарот за управување со кризи, но теренот во близина на автопатот Велес-Скопје е непристапен, па најавена е повторна интервенција на воздухопловите.

Пожарот почнал да се шири од викендичките и зафатил 50.000 хектари површина.

Причината за над 80 отсто од пожарите се депонии и неуредено шумско земјиште. Температурите опаѓаат, но пожарите не стивнуваат.

Исцрпени се и оние кои на летните горештини го ризикуваа животот и влегуваа во оган кои со дотраена опрема ѝ се спротивставуваа на огнената стихија, како ова противпожарно возило на кое наидовме додека се движевме накај пожарот.

Александра Велинова