Франција
Макрон го назначи Мишел Барније за нов премиер на Франција
05.09.2024 15:29
Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Мишел Барније за нов премиер на земјата...

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Мишел Барније за нов премиер на земјата.
73-годишниот поранешен еврокомесар доаѓа на функцијата по речиси два месеци од одржувањето на парламентарните избори во земјата.
Барније сега има за задача да формира влада на единство која ќе и служи на земјата и на францускиот народ.
