Образование

Недостигаат образовни асистенти за децата со попреченост

05.09.2024 16:18

Децата со попреченост наместо во училишните клупи, останаа дома. недостигаат образовни асистенти. Министерството за образование велат дека од идната недела ќе бидат обезбедени во училиштата...

Учениците се вратија во клупите, но не и оние со попреченост. Доцни постапката за избор, образовните асистенти сè уште не ги попишале договорите за вработување. Синот на Зоран првиот училиштен остана дома. Пред камерата на Македонската телевизија Мијалков, кој е самохран родител на два сина со посебни потреби, револтиран вели дека ова е дискриминација и ќе бидат поднесени претставки.

Министерката за образование прстот го впери во училиштата кои конкурсот го распишуваат со ресорсни центри.

Јаневска со апел до родителите и раководствата на училиштата ниедно дете да не седи дома и сите да бидат примени во училиштата бидејќи во секое училиште има наставници, педагози, дефектолози. Вели дека оваа година ќе има повеќе асистенти од претходната, а за наредната се надеваат на уште поголема бројка доколку има потреба.

Комисијата за заштита од дискриминација на седница има донесено одлука за отворање случај по службена должност за утврдување дискриминација. Се има обратено до основните училишта со ресурсен центар за утврдување на фактичката состојба.

 

Ана Јосифоска-Тодоровска