Здравство
Втор случај на мали сипаници, заразено е 12-годишно дете
05.09.2024 18:35
Втор случај на мали сипаници во земјава. Станува збор за 12-годишен жител на Долно Коњаре во Петровец...

Втор случај на мали сипаници во земјава. Станува збор за 12-годишен жител на Долно Коњаре во Петровец.
Првичните симптоми кај пациентот започнале пред една недела, добил ситно-црвен исип на лицето, градите и грбот, а потоа и покачена температура, конјунктивитис, кашлица и повраќање.
Детето било прегледано од лекар и пратено на Инфективна. По направените испитувања е потврдено заболувањето.
Заболениот е на домашно лекување, одбил хоспитализација. Детето кое е дел од седумчлено семејство било невакцинирано со МРП-вакцина. Семејството неодамна патувало во Нови Пазар.
