Израел
Најмалку шест лица загинаа во израелски напад на Западниот Брег
05.09.2024 19:44
Хамас го повика Израел да го прифати предлогот на САД за прекин на огнот во Газа...

Најмалку шест лица загинаа во напад врз возило на Западниот Брег по продолжените рации на израелската војска. Уапсени се уште 16 Палестинци.
Во истовреме, Хезболах истрела нов бараж ракети кон Израел, Тел Авив ја обвинува либанската влада велејќи дека е одговорна за секоја истрелана ракета од милитантите.
Хамас го повика Израел да го прифати предлогот на САД за прекин на огнот во Газа. За Нетанјаху извештаите за можен договор се „лажна приказна“.
Во истовреме од Белата куќа тврдат дека развиваат нов предлог за примирје со египетски и катарски колеги. Во Газа, вакцинирани речиси 190.000 деца против детска парализа.
