Украина

Украинската влада доби девет нови министри

05.09.2024 19:48

Продолжи реконструкцијата на владиниот кабинет на Зеленски...

Продолжи реконструкцијата на владиниот кабинет на Зеленски. Назначени девет нови министри меѓу кои и Андриј Сибиха, поранешен амбасадор во Турција за нов шеф на украинската дипломатија.

Од Кремљ велат дека никој во Киев не ги разбира оставките на функционерите, велат оние кои претходно го поддржувале Кулеба сега се збунети да разберат што се случува.

Зеленски најави дека месецов ќе им го претстави „планот за победа“ на неговиот американски колега Бајден како и на кандидатите за нов шеф на Белата куќа, Харис и Трамп.

Шефот на НАТО тврди дека Киев многу напредува во Курск. За Путин целта на Украина да ја натера Русија да префрли војници од една област во друга и да ја прекине офанзивата во Донбас не успеа.