Хрватска
Пронајдени две мртви тела во Загреб
05.09.2024 21:26
Во Загреб денеска околу 15 часот е пронајдено безживотно женско тело...

Полицијата во Загреб извести дека денеска околу 15 часот пронашла тело на женско лице кое било убиено во станбена зграда во населбата Сопот во Нови Загреб, објавија хрватските медиуми.
Во возило во близина на местото на настанот е пронајдено уште едно мртво тело, најверојатно на маж, кој веројатно е поврзан со убиството.
Во тек е истрага, велат од загрепската полиција.
