Временска прогноза

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

06.09.2024 08:02

Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од регионот со појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.