ИТАЛИЈА
Голема бура ја зафати северна Италија
06.09.2024 08:39
Неколку реки се излеаја, урнати се мостови, патиштата блокирани...

Голема бура ја зафати северна Италија. Поплавен е финансискиот центар на Милано. Неколку реки се излеаја, урнати се мостови, патиштата блокирани.
Во регионот Пиемонт исчезна возач на трактор. Десетици луѓе од две села се сосема отсечени од градовите. Ломбардија и Венето, исто така се соочуваат со поплави.
