Кенија

Пожар во училиште во Кенија, најмалку 17 ученици загинаа

06.09.2024 08:46

Пожарите во училиштата, особено во интернатите, се релативно чести во Кенија. Најмалку 17 ученици загинаа во пожар што избувна во училиште ...

Најмалку 17 ученици загинаа во пожар што избувна во училиште во централна Кенија во четвртокот вечерта, соопшти полицијата.

Се стравува дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи повеќе од десет други ученици се пренесени во болница со тешки изгореници, пишува Би-би-си.

Причината за пожарот во основното училиште во округот Ниери сè уште се истражува, изјави портпаролката на полицијата Ресила Онјанго за локалните медиуми.

Тим од истражители е распореден во училиштето за да ги утврдат околностите на несреќата, додаде таа.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека обезбедува психосоцијална поддршка на учениците, наставниците и погодените семејства.

Пожарите во училиштата, особено во интернатите, се релативно чести во Кенија.

Најсмртоносниот училиштен пожар во Кенија се случи пред повеќе од 20 години, југоисточно од Најроби, кога загинаа најмалку 67 ученици.