Бајден повика на мерки за безбедност на оружјето во САД
Меѓу другото, побара одговорност од родителите доколку нивните деца имаат пристап до оружје...

Американскиот претседател Џо Бајден повторно повика на мерки за безбедност на оружјето во САД по смртоносниот напад во средно училиште во Џорџија, при што загинаа четири лица. Меѓу другото, побара одговорност од родителите доколку нивните деца имаат пристап до оружје.
„Некои од моите републикански пријатели во Конгресот конечно треба да кажат доста е. Мораме да направиме нешто. Заедно, да го забраниме полуавтоматското оружје. Ајде да побараме безбедно складирање на огнено оружје. Илјадниците деца се застрелани. Повеќе деца се убиени или умреле од прострелна рана од која било друга причина во целите Соединетите Држави“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
