Регион
Невреме во Хрватска, силен ветер корнеше дрвја
06.09.2024 08:53
Невреме синоќа ја погоди Далмација. Линијата на молња била долга 100 километри...

Невреме синоќа ја погоди Далмација. Линијата на молња била долга 100 километри.
Околу полноќ невреме пропратено со грмежи го зафати поширокото сплитско подрачје, а ветерот достигна брзина од 80 км/ч.
До 3 часот наутро најмногу дожд наврнал на задарскиот архипелаг – 108 литри на метар квадратен, што е повеќе од месечниот просек. Обилните врнежи предизвикаа порои, а по улиците се слевале потоци од планината Козјак. Свлечиште имало на неколку патни правци.
Невремето донесе и град во областа Шибеник, а температурите значително се намалија.
И за денеска е најавено невреме речиси во цела држава, но за викенд времето треба да се стабилизира.
