Фудбал
Аргентина го совлада Чиле
06.09.2024 09:02
Ова беше посебен дуел за Гаучосите, затоа што за прв пат по 11 години, на теренот ги немаше ниту Лионел Меси, ниту Алхел ди Марија...

Аргентина забележаа нова победа во квалификациите за Светското првенство совладувајќи го Чиле со резултат 3:0. Ова беше посебен дуел за Гаучосите, затоа што за прв пат по 11 години, на теренот ги немаше ниту Лионел Меси, ниту Алхел ди Марија.
Капитенот Лионел Меси го пропушти натпреварот поради повреда, но неговите соиграчи се справија со неговото отсуство и додадоа уште три бода. Ди Марија стави крај на репрезентативната кариера по завршувањето на Копа Америка.
Тоа се двајцата фудбалери кои речиси две децении се лидери во националниот состав.
