Во Собранието утре ќе биде доделена наградата „8 Септември“
Утре, во Кристалната сала на Собранието, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2024-та година.

Утре, во Кристалната сала на Собранието, во 11 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2024-та година.
Борче Костовски е овогодишниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.
Додека наградите со коишто се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски, Димитар Јованов.
