РК Алкалоид се закити со тофеј на Суперкупот на Македонија
Ракометарите на Алкалоид го освоија во својот прв настап се закитија со трофејот, откако во финалето во Гевгелија го совладаа шампионот Еурофарм Пелистер со 33:30. Мечот во салата „26 април“ мина во знакот на скопскиот тим,

Во Суперкупот на Македонија, ракометарите на Алкалоид го освоија во својот прв настап се закитија со трофејот, откако во финалето во Гевгелија го совладаа шампионот Еурофарм Пелистер со 33:30. Мечот во салата „26 април“ мина во знакот на скопскиот тим, кој од стартот се наметна и имаше константна предност.
Никола Костески со осум гола беше најдобар на теренот, додека кај пелистерци најефикасен остана Кузмановски со пет погодоци од првиот дел.
Кај голманите блесна Марко Кизиќ со 12 интервенции, а три во клучни моменти надоврза и Галевски, додека кај Еурофарм Пелистер се истакна Митревски со 11 одбрани.Алкалоид го чека натпревар против Вардар 1961 во салата „Автокоманда“ на 8 септември.
