По ноќните судири демонстрантите пак на плоштадот во Киев
Украинските антивладини демонстранти и денеска и пркосат на полицијата во камповите во Киев. На Плоштадот на Независноста, сцената на синоќешните жестоки судири меѓу двете страни, по истекот на рокот да се разотидат до вторник, специјалците се втурнаа и се соочија со народот и опозициските лидери.
„Ноќеска полицијата го расчистуваше плоштадот на независноста. Донесоа механизација и уништија два кампа. Полицијата ги туркаше луѓето, на многу им беа скршени главите и рацете“, раскажуваат демонстрантите.

Меѓу демонстрантите, познатата украинска пејачка Руслана која учествуваше и во Портокаловата револуција во 2004, ја повика полицијата да не ги повредува луѓето. Украинците реагираа солидарно и излегоа уште помасовно во одбрана на камповите со живи ѕидови, а демонстрантите одговорија со црева со студена вода против полициските сили, кои делумно се повлекоа.
„Ова е наша земја и имаме право на мирен протест. Властите прават се што можат да не ни дадат шанса да го подобриме животот во земјава“, изјави Олег Тијанибок, лидер на политичката партија Слобода.
„Не веруваме во ниту еден збор на власта. Затоа сум овде. Бев овде во 2004 и овде сум денеска, додека не ја смениме власта“, вели еден демонстрант.
Судирите се случуваа додека во посета на Киев беше и шефицата на европската дипломатија Ештон, која по средбата со претседателот Јанукович излезе на Плоштадот меѓу демонстрантите. Државниот секретар на САД Кери исто така изрази згрозеност од одлуката на украинската власт да употреби булдожери и пендреци, наместо да ги почитува демократските права. Јанукович во понеделникот најави дека владини претставници ќе го посетат Брисел неделава за да ги продолжат разговорите за договорот за асоцијација. Вчера, пак, повторно ја бранеше одлуката да се повлече од него и наместо тоа, да ги заживее економските врски со Русија.
Ивана Салтировска