Владата најави ограничување на цените на основните прехранбени производи
За кои производи ќе важи мерката и од кога ќе се применува, засега не се откриваат. Претходната влада лани во септември ги ограничи цените на оризот, брашното, лебот и на други пекарски производи, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни производи...

Владата најавува ограничување на цените на основните прехранбени производи. Сепак, засега не се откриваат детали за кои производи ќе важи мерката и од кога ќе се применува. Министерот за економија само навести дека иницијативата ги опфаќа сите домашни земјоделски производи и ќе се следи за усогласеност.
Претходната влада лани во септември ги ограничи цените на оризот, брашното, лебот и на други пекарски производи, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни производи.
Ограничување на цените имаше и на негазирани и газирани пијалаци. Првично беше со важност до крајот на јануари, но беше продолжена до март.
