Сабаленка и Пегула финалистки на УС Опен
Пегула во полуфиналето синоќа ја совлада Каролина Мучова од Чешка со 1-6, 6-4, 6-2. Претходно во првото полуфинале на женскиот турнир, втората тенисерка во светот Сабаленка ја совлада Ема Наваро со 6-3, 7-6 (2).
Американката Џесика Пегула и Белорусинката Арина Сабаленка ќе играат во финалето на последниот сезонски Грен слем турнир УС Опен во Њујорк.
Пегула во полуфиналето синоќа ја совлада Каролина Мучова од Чешка со 1-6, 6-4, 6-2. Претходно во првото полуфинале на женскиот турнир, втората тенисерка во светот Сабаленка ја совлада Ема Наваро со 6-3, 7-6 (2).
За триесетгодишната Пегула ова е прво грен слем финале во кариерата. Сабаленка по четврти пат стигна до финалето на грен слем турнирите, а досега двапати го освои Австралија опен. Ова е втор пат по ред да се најде во финалето на УС Опен.
Фото: usopen.org
