Викторија Нуланд во понеделник во Македонија
Американскиот помошник државен секретар за Европски и Евроазиски работи Викторија Нуланд на 14 јули ќе престојува во Скопје, соопшти Стејт департментот. Најавено е дека таа ќе се сретне со високи владини претставници и политички лидери за евроатлантскиот пат на Македонија, а ќе разговата и за други прашања од заеднички интерес.

Посетата е во рамките на нејзината турнеја на земјите од регионот и Европа, а почнува со денешниот Форум за Западен Балкан и трансатлантските односи во Дубровник. Нуланд во наредните денови ќе престојува во Подгорица, Тирана, Приштина, Белград, Лондон и Брисел.