Продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Газа
Премиерот Нетанјаху ги негираше извештаите за можен договор за прекин на огнот и тврди дека Хамас го отфрлил секој понуден договор...

Палестинската новинска агенција Вафа објави дека израелските сили го напуштиле градот Џенин на Западниот Брег, а во десетдневната операција загинале 21 лице. Од друга страна, израелската одбрана соопшти дека нивните борбени авиони погодиле складиште за оружје на Хезболах во јужен Либан.
Премиерот Нетанјаху ги негираше извештаите за можен договор за прекин на огнот и тврди дека Хамас го отфрлил секој понуден договор.
Од Хамас, пак, велат дека Израел ги користи преговорите за да ја продолжи агресијата. Од Белата Куќа со став, договор е можен ако има компромис и лидерство. Во Тел Авив продолжуваат протестите со барање за прекин на огнот.
