Македонија

Новиот евроамбасадор ги предаде акредитивите на претседателката Сиљановска Давкова

06.09.2024 12:51

Официјално, Рокас ќе ја извршува должноста евроамбасадор во земјава во наредните три години.

Новоназначениот шеф на канцеларијата на Европската комисија во Скопје, грчкиот дипломат Михалис Рокас денеска ги предаде акредитивите на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Официјално, Рокас ќе ја извршува должноста евроамбасадор во земјава во наредните три години.

Веќе имаше средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, каде била истакната важноста за продолжување на поддршката за приближувањето кон ЕУ.