Министерот Јолевски се сретна со американски конгресмени

11.07.2014 10:18

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски оствари одвоени средби со неколку конгресмени кои имаат силно влијание во Конгресот...

Во насока на проширување на поддршката на САД, во текот на вчерашниот ден, министерот за одбрана Зоран Јолевски оствари одвоени средби со неколку конгресмени кои имаат силно влијание во Конгресот.

Тие искажаа искрена поддршка на Република Македонија во остварување на евроатлантска интеграција. Министерот Јолевски го истакна интересот за проширување и зајакнување на стратегиското  партнерство со САД. Во рамките на денешните активности, министерот Јолевски положи и венец со свежо цвеќе на споменикот на незнајниот јунак во Арлингтон, воедно оддавајќи почит на воените сили на САД и на оние кои го дале својот живот за глобалниот мир и безбедноста.