Здравство

Втор случај на мали сипаници во земјава

06.09.2024 13:15

Станува збор за 12 -годишно дете од Долно Коњаре, Општина Петровец. Првичните симптоми кај детето започнале пред една недела, откако со семејството се вратило од Нови Пазар, Србија...

Во земјава е регистриран втор случај на мали сипаници за оваа година. Станува збор за 12 - годишно дете од Долно Коњаре, Општина Петровец. Првичните симптоми кај детето започнале пред една недела, откако со семејството се вратило од Нови Пазар, Србија. Дел од членовите на семејството се вакцинирани, дел одбиваат. Епидемиолозите дале препораки за изолација, но дали имаат обврска да ја почитуваат, во Дневникот известува Андријана Ѓурческа.