„Стави појас“, превентивна активност на СВР Струмица
Полициските службеници преку непосреден разговор со возачите и сопатниците укажуваа за потребата од почитување на оваа законска обврска, а се во насока на зголемување на нивната и на општата безбедност во сообраќајот...

Вчера на подрачје на градот Струмица полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при овој Сектор за внатрешни работи спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајната безбедност под мотото – „Стави појас“.
Полициските службеници преку непосреден разговор со возачите и сопатниците укажуваа за потребата од почитување на оваа законска обврска, а се во насока на зголемување на нивната и на општата безбедност во сообраќајот. На возачите, покрај ова, им беа поделени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
