Недостигот на учебници се должи на промени во бројката на учениците
Министерката Јаневска која недостатокот на учебници го впери прстот во директорите, тие велат дека ќе се снајдат така што како ги добиваат учебниците од МОН така ќе ги распределуваат по одделенија. Од Владата соопштија дека првпат по седум години била обезбедена навремена испорака на бесплатни учебници ...

Проблемот со недостиг на учебници се должи на промени во бројката на учениците од различни причини, како иселување, префрлање во други училишта или запишување на нови ученици поради преселба од една во друга општина, тврдат за МТВ дел од директорите на основните училишта.
Не сакајќи да ја коментираат изјавата на ресорната министерка, Јаневска која за недостатокот на учебници го впери прстот во директорите, тие велат дека ќе се снајдат така што како ги добиваат учебниците од МОН така ќе ги распределуваат по одделенија. Доколку и после тоа им се појави проблем, велат имаат во вид некои решенија.
Министерката Јаневска, пак, освен за учебниците на директорите им ја припиша и вината за асистентите. Им забележи дека пет дена го работеле тоа што во министерството се сработува за еден ден.
На почетокот на учебната година во училиштата се над 800 асистенти, за 200 тече постапка за нивно ангажирање. Тие треба да им помагаат на учениците со посебни потребни полесно да ја следат наставата и да го совладуваат наставниот материјал.
Фиљана Кока
