Авиосообраќај

Објавен јавниот повик за субвенции за нови дестинации до и од скопскиот и охридскиот аеродром

06.09.2024 14:10

Во рамките на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари.

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.

Во рамките на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари.

Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат условите. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации.

Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7-ми октомври 2024 година до 10:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт.

Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум.