трговија

По најавата на Министерството за економија за ограничување на цените, реакции од производителите

06.09.2024 14:11

По најавата на Министерството за економија за замрзнување на цените, реакции од производителите, потрошувачите и трговците, традиционалните македонски производи станаа луксуз. Намалени се производството и понудата. Земјоделците велат, додека одвај успеваат да ги покријат производните трошоци, трговците профитираат...

Традиционалните земјоделски производи, како доматите, пиперките, краставиците, на пазарите се продаваат по цена од над 100 денари. По најавата за ограничување на цените на земјоделските производи како и вообичаено, според потрошувачите се високи, а според производителите и трговците ниски. На цената влијаат намаленото производство и зголемениот увоз. Просечната возраст на еден земјоделец е 50 години.

Додека на пазарите цените вртоглаво растат, земјоделците одвај ги покриваат производните трошоци. Потребна е стратегија која ја нема со години и договорно производство, порачуваат од Федерацијата на фармери.

Кога е намалена понудата за трговците е нормално да расте цената. Според нив, понудата и побарувачката ја диктираат цената.

Истекува рокот за адаптација на Законот за нефер трговски практики кој беше донесен во март и треба да стапи на сила кон крајот на месецов а со кој ќе се ограничи маржата на над 2.500 производи. Целта на овој Закон беше да се заштитат потрошувачите и производителите од трговците.

 

Александра Велинова