Инспекторите на терен, во дел од книжарниците попис
Дел од трговците ги намалиле цените, дел правеа попис. Инспекторите, пак, ги чешлаа замрзнатите цени. Утре ќе се знае колку од нив ја испочитувале владината мерка. Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи објави дека мерката ги дава своите резултати...

Дел од трговците ги намалиле цените, дел правеа попис. Инспекторите, пак, ги чешлаа замрзнатите цени.
Утре ќе се знае колку од нив ја испочитувале владината мерка. Пазарниот инспекторат продолжи со контролите и утре ќе го објави извештајот. Во скопски Карпош констатирале дека цените на училишниот прибор се намалени.
Надзорите продолжуваат и во наредните денови. Потрошувачите може да пријавуваат неправилности на бројот 191. Глобите се од 800 до 10.000 евра.
Граѓаните пак имаат поделени мислења, за едни мерката е задоцнета, за други е ослеснување. Но, сепак се жалат на високите цени.
Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи објави дека мерката ги дава своите резултати. Набавката на училишниот прибор сега е поекономична за македонските семејства. Цените на училишниот прибор се значително намалени, што го олеснува товарот на родителите и овозможува секое дете да тргне подготвено на училиште, пишува Мицкоски кој објави неколку фотографии од производи чии цени веќе се прилагодени.
Мерката за намалување на маржите на училишниот прибор ќе трае до 20-ти октомври.
Викторија Милевска
