Пожари
Пожарот во Мариово останува активен, нема опасност за селата
06.09.2024 14:42
Не стивнува пожарот во Мариово кој има опсег на огнената линија од преку 30 километри. Од прилепскиот Кризен штаб велат дека нема опасност за населените места, но професионалците сепак се насочени кон нивна заштита ...

Шести ден пожарот во Мариово не покажува знаци на смирување. Преку 200 професионалци се насочени огнената стихија да не влезе во населените места и објектите.
Од прилепскиот Кризен штаб, уверуваат дека вчерашните кризни моменти околу селото Крушевица и кај манастирот Свети Никола во Прилепец се надминати. Но има одбрана и околу „Свети Димитрија“ во Селце и во Дрен-Смолани.
Горат, главно, трева и нискостеблести растенија, а интервенираат и два авиони.
Елизабета Митреска
