Унгарско-македонски односи

Сијарто најави отворање на првиот кластер поглавја

06.09.2024 17:15

За време на унгарското претседавање со ЕУ, кое почнува на први јули годинава, Будимпешта ќе направи се Македонија да го отвори првиот кластер поглавја со Унијата, најави министерот Петер Сијарто...

За време на унгарското претседавање со ЕУ, кое почнува на први јули годинава, Будимпешта ќе направи се Македонија да го отвори првиот кластер поглавја со Унијата, најави министерот Петер Сијарто по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски во унгарската престолнина. Сијарто обвини некои европски земји за лицемерие, зашто како што нагласи, на затворените состаноци на Унијата се против проширувањето. Шефот на македонската дипломатија Муцунски подвлече дека Унгарија е стратегиски македонски партнер и дека нема потреба од билатерализација на приемот во Европската унија. Од Будимпешта известува Марина Стојанова-Тонева.