Џон Кери во посета на Авганистан
Американскиот државен секретар Џон Кери во посета на Авганистан, на средба со претседателските кандидати Абдула Абдула и Ашраф Гани.
Ненајавената посета на Кери е со цел да ги намали тензиите околу спорните претседателски избори изјави претставниик на Белата куќа. Независната изборна комисија ги објави првичните резултати од вториот круг на изборите, според кои Гани е победник со освоени 56,44 насто од гласовите. Конечните резултати треба да се објават на 22 јули.

Абдула, кој победи во првиот круг од изборите, ги отфрли прелиминарните резултати од вториот круг, прогласувајќи ги за „пуч“ против авганистанскиот народ.