МВР
Уапсен 23-годишен скопјанец, физички ја нападнал сопругата
06.09.2024 17:23
Денеска во 04.00 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле 23-годишниот Е.К. од Скопје...

Денеска во 04.00 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле 23-годишниот Е.К. од Скопје. Тој бил пријавен дека 00.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 22-годишна сопруга.
Од МВР велат дека против ова лице ќе биде поднесена соодветна пријава.
