Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени на горивата кои на сила ќе стапат од ноќеска на полноќ...

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени на горивата кои на сила ќе стапат од ноќеска на полноќ.
Нивните пресметки дадоа можност за корекција во цената кај дел од нафтените деривати.
Па според тоа новата цена на Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по поевтина цена за два денати, односно еден литар од ова гориво ќе чини 74,5 денари.
Цените на Еуросупер БС-98, дизелот, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат исти.
Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 78,50, дизелот 69,50 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство 68,50 денари за литар.
Цената на Мазутот останува 44,780 денари за килограм.
