Германија

Нов напад во Германија, маж со мачета и нож упаднал во полициска станица

06.09.2024 19:45

Исламист на возраст од 29 години со албанско потекло со мачета и нож упаднал во полициска станица во Германија...

Исламист на возраст од 29 години со албанско потекло со мачета и нож упаднал во полициска станица во Германија.

Маж упаднал во полициска станица во Линц во Рајнската област во раните утрински часови и им се заканил дека ќе ги убие присутните полицајци, мавтајќи со нож и мачета. Специјалните сили го совладале, а како што соопшти јавното обвинителство на Кобленц, мотивите на напаѓачот биле исламистички.

При претресот во неговото место на живеење е пронајдено знаме на „Исламска држава“.

За кратко време имаше неколку напади со нож во Германија.