Здравство

Опасност од Морбили, потребна е имунизација

06.09.2024 20:28

Во Македонија годинава се регистрирани два случаи на мали сипаници. Првиот заболен беше јуни – шестгодишно дете од струшко Лабуништа кое беше хоспитализирано на Детската клиника. Тоа не беше вакцинирано, ниту патувало со семејството надвор...

Во Македонија годинава се регистрирани два случаи на мали сипаници. Првиот заболен беше јуни – шестгодишно дете од струшко Лабуништа кое беше хоспитализирано на Детската клиника. Тоа не беше вакцинирано, ниту патувало со семејството надвор. Последниот случај во Долно Коњаре – Петровец е импортиран. 12-годишното дете патувало во Нови Пазар. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во последниве 10 години се регистрирани 2020 заболени. Епидемии беа прогласени во 2014, 2017, 2018 и последната во 2019 година, кога имаше 1901 заболен во вкупно 24 градови. На ниво на држава, опфатот со вакцинација е 73 проценти, во Скопје 83. На оваа тема во Дневник 2 Наташа Јанчиќ-Менковски разговара со Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.