Расте интересот за градби на земјоделски површини

11.07.2014 10:50

Земјоделците се заинтересирани за градење производствени објекти надвор од градовите, услов е да ги задоволат пропишаните критериуми...

На нивите може да се градат оранжерии, помошни простории и објекти за примарна обработка на земјоделските производи.

Одобрението за градба го дава општината каде се наоѓа земјиштето, а фармерот треба да побара согласност од Министерството за земјоделство.

Дозвола  може да добие само сопственик или закупец на површина од најмалку 0,2хектари.

Барателот може да има само еден објект во катастарска општина со соодветна инфраструктура, бидејќи во нива без струја, вода и пат градењето е забрането.

По престанувањето на договорот за закуп објектот треба да се отстрани во рок од 30 дена.