Грција

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Турција

07.09.2024 09:07

Земјотресот е регистриран на 20 километри од Козан во централна Турција, на длабочина од 12 километри ...

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува ЕМСЦ.

ЕМСЦ прво извести дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени, но набрзо ја намалиле јачината. Земјотресот е регистриран на 20 километри од Козан во централна Турција, на длабочина од 12 километри.

Земјотресот е регистриран во 9:31 часот по локално време.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.