Македонија

Шести по ред продолжен викенд годинава

07.09.2024 11:00

Пред нас е последниот продолжен викенд во рамките на летото. Од туристичките агенции велат дека месецов, зголемениот интерес за продолжениот викенд се должи и на тоа што голем дел од граѓаните веќе го имаат решено проблемот со пасошите. Најголема е побарувачката за плажите на нашиот јужен сосед. За домашните туристички места, речиси и да нема интерес, додаваат дека во однос на цените, најголеми дел од граѓаните бараат апартманско сместување, но интерес има и за луксузни хотели …

Зголемен интерес за патување за продолжениот викенд. Голем дел од граѓаните веќе го имаат решено проблемот со пасошите, најголема е побарувачката за плажите во соседството, велат од туристичките агенции. Најмногу се бара апартманско сместување, но и луксузни хотели.

На дел од граѓаните продолжениот викенд им се поклопува со летните одмори, но има и такви кои слободните празнични денови ќе ги искористат за подготовка на традиционалната зимница.

Од Управата за хидрометеоролошки работи ги предупредуваат оние кои ќе останат во државава, добро да испланираат каде ќе го поминат викендот, затоа што не очекува променливо и нестабилно време.

Овој е шестиот по ред продолжен викенд годинава, до крајот на 2024 граѓаните ќе можат да уживаат во уште два празнични продолжени викенди.

 

Александра Максимовска