Вид кај деца

Систематските прегледи кај децата првоодделенци открија дека гледањето во електронските уреди го оштетува видот

07.09.2024 13:28

Пет до десет отсто од децата кои тргнаа на училиште во прво одделение во Македонија имаат проблем со видот, рефрактивни аномалии. Оваа беше откриено при редовните а задолжителни систематски прегледи летово на децата кои се запишуваа на училиште...

При редовните систематски прегледи на првоодделенците во Велес, кај дел од нив се откриени рефрактивни аномалии. Прегледите се дел од задолжителните систематски кое секое дете пред тргнување на училиште ги минува. Во Македонија децата на 5-6 годишна возраст, проблемите кои ги имаат со видот, кога окото не го фокусира предметот и видот е замаглен, не отстапуваат од светскиот просек.

Прегледите опфаќаат компјутерско мерење на диоптрија, преглед на очно дно и снеленова табела. Современиот начин на живеење, електронските уреди, мобилните телефони, компјутерите, лаптопите, таблетите, седењето пред нив предизвикува рефракциски аномалии на видот. Тие се движат 5-до 10 отсто кај децата, кој процент е и на светско ниво.

Доктор Јаковлевски со препорака до родителите, децата што помалку да ги користат електронските уреди и да се одвојат од екраните преку спорт, забава, игра.

Со овие систематски прегледи на рана возраст, кај децата на 5-6 година можно е да се открие амблиопија т.н. мрзливо око и тоа е една од придобивките на овие рани систематски прегледи кај офталмолог.

 

Петар Печков