Израел

Израелската војска соопшти дека нападнале команден центар во Газа

07.09.2024 09:37

Хамас го користеа командниот и контролниот центар за планирање и извршување на терористички напади против израелските трупи, тврдат од израелската армија...

Израелските одбранбени сили соопштија дека нападнале команден центар на палестинската милитантна организација Хамас лоциран во зграда во северниот дел на Газа, која претходно служела како училиште. Хамас го користеа командниот и контролниот центар за планирање и извршување на терористички напади против израелските трупи, тврдат од израелската армија.

Палестински извори, пак, јавуваат дека во израелскиот напад врз училиштето во Џабалија загинале најмалку осум лица, а 15-мина се ранети.

Во меѓувреме, Белата куќа го повика Израел да го истражи случајот на американската државјанка со турско потекло, која беше убиена од израелски војници во текот на протестите на окупираната палестинска енклава на Западниот брег.