МЗШВ

МЗШВ: Вчера е одземено возило со дрва, управувано од лице вработено во Шумска полиција

07.09.2024 10:34

Од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка...

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во м.в. Дупка, с. Таласманци, кратовско, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3.

При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. коешто управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М. Ј.

Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има.

Работиме максимално во стопирање на криминалот и нелегалната трговијата со дрво.