Азија
Тајфун ја погоди Кина, најмалку две жртви
07.09.2024 11:13
Јаги претходно ги опустоши Филипините, каде загинаа најмалку 16 луѓе. Северните провинции на Виетнам ги затворија аеродромите и ги евакуираа жителите...

Најмалку две жртви и 100 повредени откако тајфунот Јаги ја погоди јужна Кина. Повеќе од 2.200 работници беа мобилизирани за да ја вратат струјата за над 1,5 милиони погодени домаќинства.
Јаги претходно ги опустоши Филипините, каде загинаа најмалку 16 луѓе. Северните провинции на Виетнам ги затворија аеродромите и ги евакуираа жителите.
Виетнамските метеоролошки власти го опишаа Јаги како еден од најмоќните тајфуни во регионот во изминатата деценија.
