Законот за нефер трговски практики прифатлив за прилепските стопанственици
Законот за забрана на нефер трговски практики што треба да се имплементира на 28 овој месец е прифатлив за прилепските стопанственици. Уредувањето на рабатот со трговците на 10 проценти ќе влијае и на цената до крајниот потрошувач, уверуваат од Министерството за економија и труд. Стопанската комора на Македонија го повлече неприфаќањето на законот...

Прилепските стопанственици го прифаќаат Законот за забрана на нефер трговски практики кој владата, по европска директива, го нуди и треба да се имплементира од 28 овој месец. Најбитно е што се уредува висината на рабатот што ќе влијае на цената на земјоделските производи до крајните купувачи.
Министерството за економија и труд на стопанствениците по региони им објаснува – рабатот од досегашните нефер 30 до 40 проценти што го имаат производителите и добавувачите со трговците, ќе се сведе на 10 насто.
Стопанската комора на Македонија го повлече првичното неприфаќање на законот и сега смета дека е прифатлив. Ова официјално стигна до Владата, а дописот го очекува и Министерството за економија и труд.
Елизабета Митреска
