фестивал
Трет интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“
07.09.2024 12:16
Слоганот е инспириран од писмото на Горан Стефановски, до внуката Калина, а дизајнот е на Иван Петрушевски ...

Третиот Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, ќе се одржи од 1 до 5 октомври, под мотото „СЀ Е ТВОЕ“ .
„Со радост ви го најавуваме третото издание на ИФДТ „ИГОР МАЏИРОВ“, што ќе се одржи од 1-5. октомври 2024 во организација на ТДМ. Слоганот е инспириран од писмото на Горан Стефановски, до внуката Калина, а дизајнот е на Иван Петрушевски“, велат организаторите.
